Составот на Ал Наср за кого настапува Кристијано Роналдо славеше победа над Нефчи Фаргона со 3-1 во средбата од второто коло во азиската Лига на шампиони.
Оваа средба поради безбедносни причини не започна во предвидениот термин, но се создадоа услови и домаќините се изборија за триумф, нивни први сезонски во ова натпреварување.
Important win tonight. We keep building 💪🏽 https://t.co/rYTq4UZxEC
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 12, 2026
Еден од погодоците беше дело на Кристијано кој со ова направи нов исчекор кон големата цел-1000 голови во кариерата. Португалецот сега е на бројката од 981 гол.
-Важна победа вечерва. Продолжуваме да напредуваме, -порача ветеранот.
Some things in football are simply inevitable..
981 goals 🐐 https://t.co/mossnNlmJH
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) October 12, 2026
Следно за ветеранот и соиграчите е дербито со Ал Ахли во шампионатот на Саудиска Арабија.








