И додека едниот (Лионел Меси) се простува од репрезентацијата, игра во МЛС-лигата и не сака со помпезни интервјуа да си го крева рејтингот, другиот (Кристијано Роналдо) продолжува да привлекува внимание во светот на фудбалот.
Кога го велиме тоа, мислиме на изминатиот период, суспензијата во репрезентацијата на Португалија, ставањето на егото над култот на националната селекција, а сето тоа го прави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Или, како што би рекол тој – „најдобриот на сите времиња“.

„Луѓето не ги ценеа доволно моите голови, тој момент. Повеќе зборуваа за тоа што ми недостигаат 85 голови до 1.000-тиот гол, што понекогаш и промашувам. Тоа не ми се допаѓа, но некои работи се случуваат природно. Дали сум постигнал 920, 925 или 930 … Јас сум најдобриот во историјата и точка. Кога зборуваме за голови. Бројките кажуваат сè. Нема да кажам ни дека морам да стигнам до тој 1.000-ти гол во кариерата, но ако успеам, тоа би било фантастично“, изјави Кристијано за португалскиот „CNN“, а потоа самиот проговори за дебатата за најдобриот на сите времиња:

„Можете повеќе да ги сакате Пеле, Меси или Марадона, го разбирам тоа и го почитувам. Но некој да каже дека Кристијано не е комплетен играч? Тоа е лага. Јас сум најкомплетниот. И верувам дека сум најдобриот фудбалер во историјата. Јас не сум видел подобар од мене“.








