Јувентус се спасуваше од пораз на гостувањето кај Калјари на Сардинија со добра игра во последните десет минути, но мора да се нагласи дека тимот од Торино пропушти и две стопроцентни шанси да си замине со цел плен.
Коло Муани израмни на 1:1 во 81-та минута, но до крајот Французинот не реализираше две стопроцентни шанси од кои беше потешко да промаши, па на крајот не беше чудо што Лучијано Спалети беше фрустриран од епилогот.
Тренерот на Јуве не го прифати баш добро ремито со изненадувањето на сезоната во Серија А, па по последниот судиски свиреж, тој и неговиот колега Фабио Писакане добија исклучување.
Поради тензичен поздрав и драстично различни мислења, двајцата добија црвени картони од главниот арбитар, па Спалети како иницијатор на целата ситуација, самиот реши да открие што му кажал на колегата.
– Не се случи ништо посебно. Му кажав на Фабио дека неговиот тим игра добар фудбал, но и дека се многу добри во трошење време. Тој не се согласи со тоа и ме праша што точно мислам на „потрошено време“. Судијата реши двајцата да не исклучи и тоа е тоа. Не беше ништо специјално, стануваше збор за нормална ситуација, – изјави Спалети.







