Жиру пред враќањето во Лондон откри зошто си замина од Арсенал: Морав да го напуштам клубот…

Дерби

13/10/2026

09:03

254

Големина на фонт

а а а

Оливие Жиру веќе влезе во петтата деценија од животот, но и понатаму е активен на фудбалската сцена и следниот предизвик за него ќе биде посебен затоа што со неговиот Лил му гостува на Арсенал, клубот од кој беше дел шест години.

Тој одигра 253 натпревари со учинок од 105 гола и 38 голови пред да се пресели во друг лондонски клуб-Челси. Сепак Арсенал е сосема друга приказна за Французинот кој призна дека во 2018 година едноставно морал да донесе тешка одлука и тоа поради една причина, да биде во комбинација за настап на Светското првенство.

-Тоа беше дел од мојата кариера и моето време. Морав да го напуштам клубот за да играм на Светското првенство во 2018 година и го знаеме крајот на приказната. Бев навистина тажен што го напуштив клубот, но морав да го донесам тој избор и тоа беше тежок во мојата кариера, но беше неопходен и важен за остатокот од мојата кариера, -вели Оливие.

Средбата Арсенал-Лил е закажана за вечерва од 21 часот и останува да се види дали ветеранот може да му направи проблеми на поранешниот клуб.