Бурук: Ќе ја нападнеме Барселона, позитивен резултат…

Дерби

13/10/2026

09:06

200

Големина на фонт

а а а

Галасатарај ја дочекува Барселона во еден од денешните натпревари од второто коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите.

Истанбул знае да биде многу незгодно и тешко гостување на клубовите, Галата пред своите гледачи игра со посебна енергија, самодоверба и ова ќе биде сериозен тест за каталонците.

Домаќините ја препуштаат фаворитската улога на Барселона, но исто така не се откажуваат од позитивен резултат.

-Ќе играме против еден од тимовите во најдобра форма во светот во моментов. Нема само да се браниме, туку и ќе нападнеме. Треба да размислуваме за двете работи. Каде и да се браниме од нашиот противник, мора да го правиме тоа на најдобар можен начин. Без разлика дали станува збор за третата зона, втората зона или првата зона, треба да примениме највисоко ниво на притисок, -вели тренерот Окан Бурук.

-Многу е тешко да се победи Барселона. Имавме една победа против нив во 1994 година. Позитивен резултат против Барселона би нè направил многу среќни, -додаде стратегот.

Средбата се игра во терминот од 21 часот.