[ВИДЕО] Навивачите се фаќаа за глава: Димитриевски со топ одбрана ја спаси Валенсија од пораз на „Ел Сардинеро“

Дерби

12/10/2026

11:55

316

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски има доста работа оваа сезона, па мора да спасува она што може да се спаси како на клупски така и на репрезентативен план.

Столе беше наш најдобар поединец во Лигата на нации, а откако го одработи тоа застана на голот на Валенсија каде беше на високо ниво во соочувањето со Расинг Сантандер во шпанската Примера. Средбата заврши без победник 2-2 во дуелот во кој домаќините имаа дури 11 удари во рамките на голот на нашиот голман.

Најголемиот дел од нив Димитриевски го скроти со тоа што за идвојување е ситуацијата од судиското продолжение кога Пабло Гарсија шутираше фантастично, ама на патот до славјето му застана Македонецот со бравурозна интервенција со која ги шокираше домашните навивачи кои се фаќаа за глава.