[ФОТО] Карагер и Морган влегоа во „војна“ на социјалните мрежи поради различниот став за Роналдо

Дерби

10/10/2026

17:36

204

Големина на фонт

а а а

Џејми Карагер јавно ги прозва Рио Фердинанд и Пирс Морган и ги нарече експерти кои пристрасно расудуваат кога е во прашање Кристијано Роналдо, особено откако двајцата застанаа во одбрана на Португалецот по скандалот кој го предизвика во португалската репрезентација.

Заминувањето на Роналдо од репрезентативниот камп предизвика голем потрес во португалскиот фудбал и тоа изнуди доста реакции и во целиот свет, а бидејќи последната јавна критика пристигна од Карагер, Морган реши да му возврати на некогашниот стопер преку социјалните мрежи.

– Значи на Карагер не му се доапаѓа тоа што јас и Фердинанд застануваме во одбрана на нашиот пријател Кристијано, или како што вели тој – браниме нешто што не може да се одбрани! Истиот тој Џејми Карагер го поддржуваше својот пријател Луис Суарез откако тој упати расистички навреди кон Патрис Евра,- порача Морган, тагнувајќи го и Џејми во својата објава.

Славниот дефанзивец на Ливерпул не задоцни да одговори, при што го потсети Морган дека одамна му се има извинето на Евра за потегот кој сфатил дека е погрешен.

– Како тим, ние застанавме зад нашиот соиграч и погрешивме. Пред неколку години јавно му се извинив на Патрис, што потоа го поттикна Ливерпул да му испрати писмо со извинување – што беше исправна постапка.

– Твојата реакција на мојата блага критика е срамна. Ти секојдневно ги напаѓаш другите, но кога ситуацијата е обратна, бегаш од ТВ-студиото или преминуваш на лични навреди. Сѐ тоа само за да добиеш уште едно интервју. Ти си еден обичен полтрон, – возврати Карагер.