Роберто Манчини тргна со позитивни вибрации во својата втората етапа како италијански селектор и резултатите кои ги оствари се задоволувачки, па иако стручњакот доби големи пофалби за својата работа во овој краток временски интервал, сега ја доби и првата критика.
Хрватскиот тренер Иван Јуриќ е бесен на својот колега, а причина за тоа е повикот на фудбалер на Монца кој според него загубил три недели тренажен процес во пресрет на продолжение од сезоната.
Манчини го повика Еди Куадио од Монца во италијанскиот тим, но младиот фудбалер не одигра ниту еден од четирите натпревари и се враќа во клубот деби за Италија.
– Сон е за секој играч да добие повик и да игра за репрезентацијата, но ова беше непотребно. Еди доби повик и беше со нив, но тоа е загубено време за него.
Можеше да тренира со нас три недели и подобро ќе го искористевме за периодот кој следи. Повикот многу му значеше на играчот, но од денешна гледна точка, ќе беше многу подобро ако останеше со нас во тимот, – изјави Јуриќ.








