[ВИДЕО] Нојер виновен за најбрзиот гол во историјата на Бундеслигата, Баерн не успеа да слави во баварското дерби

Дерби

10/10/2026

18:31

181

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен по вторпат во оваа сезона не успеа да го освои целиот плен на натпревар во Бундеслигата, па откако пред три рунди не го доби Шалке 04 (0-0) сега тоа се случи и против Аузбург.

Аугзбург секогаш е незгоден за Баерн во баварското соочување и така беше и попладнево каде конечниот резултат беше 2-2, а воедно на овој меч беше и испишана нова страница во историјата на германскиот фудбал.

Само што започна натпреварот, ветеранот Нојер направи катастрофална грешка и им подари гол на домаќините, гол постигнат по само осум секунди, погодок на Фелхауер кој сега е најбрз во историјата на Бундеслигата.

Овие 1-0 беа активни до 55 кога Сибари го израмни резултатот, но кога сите очекува пресврт домаќините одново одговорија и преку Рибеиро во 64 дојдоа до нова предност.

Шампионот дојде до 2-2 во 80 преку Браун на нова асистенција на Кејн, притискаше до самиот крај, меѓутоа не дојде до триумф.

На другите средби беа постигнати следниве резултати:

Унион Берлин-Елверзберг 1-0

Хофенхајм-ХСВ 2-3

Падерборн-Штутгарт 0-2

Мајнц-Баерн Леверкузен 3-4