[ВИДЕО] Скандал на повидок: Илјадници хартиени авиончиња прекинаа натпревар во Ла Лига

Дерби

10/10/2026

16:57

236

Големина на фонт

а а а

Поради сериозни безбедносни, хигиенски и санитарни проблеми на стадионот „Валјекас“, Рајо како клуб немаше дозвола да игра на својот домашен стадион од стартот на сезоната, но во ситуација кога се создадоа услови за такво нешто, на сцена стапија навивачите кои го прекинаа денешниот натпревар со Атлетик Билбао.

Во знак на жесток протест против претседателот Раул Мартин Преса од кого се бара оставка, навивачите на Рајо во три наврати го прекинаа натпреварот во воедните 25 минути, а тоа го натера главниот судија да го прекине натпреварот и воопшто да не се разгледува опција да се враќаат по четврти пат.

Фановите од Мадрид првпат го прекинаа мечот во 13-та минута кога беа фрлени илјадници хартиени авиончиња на теренот, потоа следеше нов прекин поради фрлени пластични предмети на теренот, а бидејќи со плод не вроди и третиот обид да се рестартира натпреварот, главниот судија Санчез означи прекин.

Поради лоша организација и неадекватно однесување на навивачите, Рајо како клуб ризикува службено да го загуби натперварот со Атлетик, а во наредниот период се очекува објава од Ла Лига за тоа во кој правец ќе оди целата ситуација.

Во најдобар случај, Рајо би го доиграл овој натпревар без своите навивачи на трибините, но бидејќи Атлетик веќе има еден заостанат натпревар од Ла Лига, не се исклучува можност мадридскиот клуб да биде драконски казнет за однесувањето на своите фанови.