Арсенал се врати на обврските во Премиер лигата по пауза од три седмици и не одигра воопшто добро прво полувреме, а почна да игра во препознатлив ритам дури откако прими гол на стартот на вториот дел.
Тешкиот пораз на Брајтон од 3:0 очигледно остави трага врз избраниците на Микел Артета кои беа надиграни од Лидс во првиот дел, но за првиот гол во мрежата на Раја се чекаше до второто полувреме.
Џастин одлично испрати една акција од левата страна и мирно погоди за 0:1 во 55-та минута, а дури откако примија гол, „топчиите“ сфатија дека е крајно време да се разбудат.
Арсенал експресно живна по примениот гол и Калафиори брзо израмни на 1:1 по додавање од Бен Вајт, по што следеше нов добар моментум во играта на „топчиите“.
Тоа знаеше како да го искористи „џокерот“ Бруно Гимараеш со гол за пресврт по додавање од Деклан Рајс, а иако имаше уште доста за игра до финишот, ова се покажа како клучен момент на оваа средба.
Головите погледнете ги ТУКА.








