Мурињо: „Мбапе не ги прекршил обврските кон Реал“

Точка

09/10/2026

15:49

516

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо застана во одбрана на Килијан Мбапе, кој се најде на мета на критики.

Одличниот напаѓач го повреди коленото на натпреварот на Франција против Турција, а потоа беше виден на излегување во Париз, па во Швајцарија како вози велосипед.

Португалецот не остави простор за дилема кога станува збор за местото на Мбапе во екипата.


„Ви ветувам: ако некој играч не се однесува како што му доликува на фудбалер на Реал Мадрид и не ги исполнува своите обврски, било како играч, било како граѓанин, нема да го видите ниту на клупата. Нема да можете да му свиркате, бидејќи ќе биде дома. Нема да му дадам ниту можност да седне на клупата. Мбапе ќе игра, нема да биде меѓу резервите. Сигурен сум дека не ги прекршил своите обврски кон Реал Мадрид“, рече Мурињо.

Закрепнувањето на Мбапе и начинот на кој го поминувал времето надвор од тренинг-центарот предизвикаа бројни коментари, но Мурињо тврди дека клубот бил запознаен со сите детали.


„За мене, фудбалерот е фудбалер 24 часа дневно. Сè што прави приватно секогаш има одек. Фудбалерот е и човечко суштество, може одвреме-навреме да погреши, но мора да има чувство на одговорност. Во овој период играчите на Мадрид беа примерни во исполнувањето на професионалните обврски. Сè беше прецизно утврдено, со контрола на одморот. Сите што патуваа ги исполнија обврските, а повредените доаѓаа во Валдебебас, добиваа дијагнози и продолжуваа со закрепнувањето.“

Потоа објасни зошто Французинот го напуштил Мадрид и се осврна на приказните што го следеа неговиот престој во странство.


„Мбапе беше овде, ги направи прегледите и потоа замина по второ мислење, бидејќи има проблем со коленото што не смее да се занемари. Вие не мора да го знаете секој детаљ од неговото закрепнување, но потоа доаѓаме до барање проблеми. Прво беше дискотеката што всушност не беше дискотека, туку приватен настан во Париз во рамките на модните случувања. Потоа велосипедот во Швајцарија, а всушност станува збор за хотел во кој има неколку велосипеди за одење до спа-центарот и заедничките простории, во целосно мирно опкружување.“