[ВИДЕО] Нејмар сподели приватно видео од лудување со Меси и Суарез: Тука сме „мортус“ пијани

Дерби

09/10/2026

13:56

677

Големина на фонт

а а а

Нејмар освои само една титула во Лигата на шампиони во својата блескава кариера, нешто што многумина го сметаат за премалку со оглед на потенцијалот кој го имаше, но и поради фактот што беше дел од страшна генерација на Барселона.

Бразилската ѕвезда го оствари својот сон и го подигна „клемпавкото“ во 2015-та година, а интересно до ден денешен, тоа е последниот трофеј кој го освои и Барселона како клуб во најелитното европско натпрвеарување.

Пехарот од Лигата на шампиони е нешто што посебно недостасува во оваа десетгодишна етапа на „Камп Ноу“, па Нејмар процени дека е добро време да се наврати на некои убави спомени, споделувајќи и приватно видео од ударната тројка на Барса од финалето во Берлин.

На видеото кое сега стана и јавно достапно, Нејмар откри како лудувале со Меси и Суарез по освоениот трофеј, а воедно и самиот откри дека тогаш биле „мортус“ пијани.

– Погледнете го Меси како игра. Тука сме навистина уништени од пиење……