Мурињо: Останав во извонредни односи со сите клубови во кои работев, освен со еден

Дерби

09/10/2026

10:58

1.037

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо ја напушти Бенфика за да го води Реал Мадрид по вторпат во својата кариера, но пред да се врати на новите обврски со реактивирањето на клупскиот фудбал овој викенд, Португалецот одработи едно интервју во Италија во кое говореше за сите клубови во кои работеше.

„Кориере дело Спорт“ успеа да извлече интересни изјави од Мурињо за врската која ја има со сите клубови со кои работеше во кариерата, а како што вели самиот, во добри односи останал и со Бенфика, без оглед што не ја испочитува клаузулата за нов договор и се пресели во Мадрид.

Мурињо открива дека останал без никаква комуникација само со еден клуб во кој работел во блескавиот фудбалски пат, а тоа е Тотенхем каде беше отпуштен и на доста суров начин пред финале во Лига Купот.

– Имам многу посебен однос со сите мои поранешни клубови, освен со еден – Тотенхем. Таму едноставно не постоеше никаква човечка поврзаност. Мојот престој во Тотенхем се совпадна со периодот на Ковид.

– Немаше апсолутно никаква човечка поврзаност. Стадионот беше речиси секогаш празен. Одигравме два или три натпревари со публика, а потоа без неа – немаше никаква интеракција. Ја немав таа поврзаност со Тотенхем, тоа е единствениот клуб со кој не сум поврзан, – вели Мурињо.