[ВИДЕО] Освои Нобелова награда за медицина, па отиде да им каже на своите деца - нивната реакција е бесценета: „Таа прегратка вреди повеќе од било која награда“

Точка

07/10/2026

13:13

578

Големина на фонт

а а а

Тој е добитник на овогодишната Нобелова награда за медицина, заедно со уште двајца научници, а кога Карл Дејсерот пристигнал дома за да им ја соопшти веста на децата, нивната среќа немала крај.

Ќерката Софи (10) прва истрчала кај својот татко кога го видела и дознала за Нобеловата награда: „Тато, ги освои сите награди!“. Таму биле нејзината сестра Ема (13), како и нејзиниот брат Александар (18), кој е студент - прва година на Стенфорд.

Познатиот научник Карл Дајсерот и неговата сопруга го имаат и синот Хадсон (16), додека пак нобеловецот исто така го има и синот Кол од претходна врска.

Децата на светски познатиот научник биле пресреќни од успехот на нивниот татко, а видеото од нивниот семеен дом ја воодушеви јавноста, па коментарите не престануваат: „Таа прегратка вреди повеќе од која било награда“, „Најприродното и најслаткото видео“, „Плачев“, „Ти си татко за Нобелова награда“.

Добитници на Нобеловата награда за медицина или физиологија за 2026 година се и научниците Питер Хегеман и Георг Нагел.

Нобеловиот комитет во Институтот Каролинска во Стокхолм им ја додели оваа престижна награда за нивните откритија во врска со јонските канали контролирани од светлина и оптогенетиката. Тоа е револуционерен биолошки метод што им овозможува на истражувачите да користат светлина за да ја вклучат или исклучат активноста на поединечните нервни клетки во мозокот на жив организам.

Питер Хегеман и Георг Нагел го открија каналродопсинот, специфичен протеин што ги прави клетките чувствителни на светлина. Карл Дајсерот ја водеше работата за имплементација на овие механизми во невроните, што ја создаде оптогенетиката.


Паричниот дел од наградата за 2026 година е 12 милиони шведски круни, околу 1,2 милиони долари, кои тројцата научници ќе ги поделат.

За да биде појасно, нивниот метод сега се користи во лабораториите низ целиот свет за проучување на мозочната активност и откривање како мозокот формира сеќавања, чувства и однесувања. Науката е многу поблиску до откривање на сите мистерии на мозокот.

Нобеловец роден во семејство посветено на науката

Карл Дејсерот е роден пред 55 години во Бостон. Дипломирал биохемиски науки на Универзитетот Харвард во 1992 година и го продолжил своето образование на Универзитетот Стенфорд, каде што ја завршил престижната комбинирана програма и ја добил титулата доктор на науки во областа на невролошките науки. Исто така, ја завршил и специјализацијата по психијатрија на Стенфорд.


Во последните 22 години раководи со лабораторија на Универзитетот Стенфорд, каде што работи како редовен професор по биоинженерство и психијатрија. Покрај истражувачката работа, тој сè уште е активен лекар-психијатар. Тој е автор на значајната книга „Проекции“ (2021), во која го истражувал потеклото на човечките емоции преку приказните на пациентите.

Пораснал со татко онколог и мајка наставничка по хемија во средно училиште, неговата постара сестра е пластичен хирург, а неговата помлада сестра работи како клинички психолог.

Брачен пар научници и нивните пет деца

Нобеловецот Дајсерот е во брак со Мишел Монже, која е светски познат научник на Стенфорд. Таа е професорка по неврологија и невро-онкологија, истражува фатални тумори на мозокот кај децата и е добитничка на престижната стипендија „MacArthur“.


Познатите научници се сретнале на Стенфорд во соба со микроскопи под ласерска светлина. Во научните кругови, тие се познати по нивната неверојатна тимска работа. Пет деца и две научни кариери барале врвна организација за да се исполнат и родителските и професионалните обврски.

Карл имал обичај да ги напушта големите светски конференции за да се врати дома и да се грижи за децата додека Мишел држела предавања. Секако, имало и ситуации кога таа се грижела за своите ќерки и синови за да може тој да се посвети на својата работа.

Штом се вратил дома да им каже на децата дека ја освоил Нобеловата награда, подготвувал сендвичи за нивниот училишен ручек.