Играчите на Реал Мадрид беа огорчени од арбитражата на Аријас Ортиз во големото градско дерби и него го посочија како главен виновник за поразот од 2:1, натпревар кој „кралевите“ го завршија со играч помалку, а во кој веруваат дека Атлетико требаше да финишира со 9 фудбалери на теренот.
Ортиз по ВАР проверката на стартот на вториот дел го исклучи Хуијсен поради направениот пенал, но претходно во првиот дел не ги исклучи Кути Ромеро и Канг Ин за острите и опасни стартови над Белингам и Валверде.
Жозе Мурињо како тренер на Реал имаше долг монолог на прес-конференцијата и заклучи дека судијта не бил на нивото на задачата, но камерите ја уловија и фрустрацијата на Џуд по последниот судиски свиреж.
Белингам јасно изговори неколку зборови во правец кон судијата, а шпанските медиуми успеаја да направат транскрипција на оваа ситуација.
– Каква штета, Боже мој…… Два црвени картони, два…… Кучкин сине……, – велеше Белингам во моменти на фрустрација.












