Димитар Митровски ќе го гледаме во дресот на македонската репрезентација на престојните средби во Лигата на нации, а во пресрет на истите е во добра форма и во одличен гол ритам.
Имено офанзивецот на трет меч во низа стрелаше за Олимпија Љубљана во првенството на Словенија, но за разлика од претходните два меча против Копер и Гросупље на кои неговиот тим победуваше, овојпат Браво ги доби со 2-1.
Офанзивецот постигна убав гол во судиското продолжение на првиот дел со кој израмни на 1-1, резултат со кој се замина на пауза.
ТУКА погледнете ја мајсторијата.
Сепак во вториот дел домаќините одново поведоа во 57 минута, предност која потоа ја сочуваа до самиот крај.
Димитар има учинок од 3 гола и 1 асистенција на 10 средби во словенечката прва лига.







