[ВИДЕО] Меси го постигна 75. гол од слободен удар во својата кариера и дојде на три од историски рекорд

Дерби

21/09/2026

09:35

124

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами направи пресврт и беше на добар пат да оствари победа над Сан Диего, но такви замисли дефинитивно немаше Дрејер кој со својот втор гол во завршницата ги постави конечните 2:2.

Ремито во МЛС лигата донесе атрактивен фудбал и интересни ситуации на двете страни, а оваа средба му помогна на Лионел Меси да се приближи до уште еден апсолутен рекорд во фудбалот.

Со доза на малку среќа, Меси рано утрово го постигна 75-от гол од слободен удар во својата кариера, и тоа во ситуација кога негова главна мета беше Касемиро.

Обидот за асистенција се претвори во 75-ти гол од прекин во неговата богата кариера, па сега Лео е само на три од историскиот рекорд на Марселињо Кариока.

Легендарниот Бразилец важи за „крал на слободните“ со 78 постигнати голови, но сега Меси е многу близу до него и сигурно ќе има обиди за поправање на својот учинок во натпреварите кои следат.