[ФОТО] Нереален учинок: Рафиња направи нешто што не му успеа ниту на Меси во дресот на Барса

Дерби

20/09/2026

16:02

356

Големина на фонт

а а а

Рафиња не се најде меѓу 30-мината номинирани за „Златната топка“ во 2026-та година, но наместо да се фрустрира и да се онерасположува, овој факт дополнително го мотивираше Бразилецот да игра во неверојатна форма на стартот на сезона.

Ханси Флик и стручниот штаб на Барса проценија дека Рафиња најдобро ќе одговори во системот како „лажна деветка“ во ситуација кога не се купи стартен напаѓач, а засега оваа одлука се покажува како вистински погодок ако се земе во предвид играта на Барса, но и формата на Рафиња.

Бразилецот постигна хет-трик на вчерашниот натпревар против Севилја во победата од 1:3, па веќе брои неставарни 12 голови на седум одиграни натпревари во Ла Лига од стартот на сезоната.

Со својот втор гол против Севилја, Рафиња го израмни учинокот на Лео Меси кој во 2017-та година постигна 11 голови на првите седум натпревари во Ла Лига, но со третиот, Бразилецот го надмина рекордот на Аргентинецот во 21-от век.

Подобар учинок од Рафиња по седум одиграни кола воопшто во шпанската елита имаше само Кристијано Роналдо, кој во сезоната 2014/15 постигна 13 погодоци во воведните седум кола.