Себастијан Херера и Агон Елези се двајца играчи кои се најдоа на списокот на македонскиот селектор Гоце Седлоски за престојните предизвици во Лигата на нации, натпревари со Швајцарија, Шкотска и Словенија кои двајцата фудбалери ги дочекуваат во одлична форма.
Имено Херера и Елези се дел од Борац Бања Лука и Сараево, два прволигаши од Босна и Херцеговина за кои стрелаа овој викенд.
Дефанзивецот Херара погоди од слободен удар во триумфот на неговиот тим над Широки Бријег од 3-2. Ова за него беше втор лигашки погодок во сезоната 2026/2027.
Елези пак со Сараево ја доби Слога Меридијан со 2-0, а Агон беше автор на вториот гол на средбата со удар од 11 метри.
Исто и тој има два гола во босанскиот шампионат.








