Реал Мадрид со невообичаен извештај за дербито: Катастрофалното судење го реши победникот

Дерби

21/09/2026

08:53

169

Големина на фонт

а а а

Реакциите за градското дерби меѓу Атлетико и Реал во Ла Лига не стивнуваат, а поразената екипа ја префрла вината за се што се случи на теренот на катастрофалното судење.

Реал Мадрид преку својата официјална интернет страница и профилите на социјалните мрежи објави официјален извештај, во кое потенцира дека исходот на дербито бил решен од судиските одлуки кои оделе во корист на противникот.

– Реал Мадрид го загуби дербито на стадионот „Метрополитано“, натпревар одбележан со катастрофалното судење на Ортиз Ариjас, кој пропушти да ги исклучи Кути Ромеро во првото полувреме поради газење врз коленото на Белингем (и покрај тоа што ја прегледа снимката на мониторот) и Канг-Ин Ли поради газење врз левиот скочен зглоб на Валверде.

– Двете одлуки се покажаа како одлучувачки, а натпреварот на крајот беше решен во второто полувреме во корист на Атлетико.

– Сè до половина час игра, натпреварот понуди малку шанси за гол. Но, оттогаш, контроверзи го одбележаа дербито. Во 35-тата минута, при дуел за топка, Белингем стигна до неа пред Кути Ромеро, а дефанзивецот на Атлетико го удри со копачките во левото колено. Ортиз Аријас првично му покажа жолт картон на нашиот играч, но беше повикан од Трухиљо Суарез да ја прегледа ситуацијата на мониторот.

– Откако ја погледна снимката, тој го поништи картонот на Белингем и му покажа жолт картон на дефанзивецот на Атлетико, наместо да го исклучи. Девет минути подоцна, судијата направи втора клучна грешка, пропуштајќи да го казни Канг-Ин Ли за старт врз Валверде, при што го удри со копачките во левиот скочен зглоб. Аријас внимателно ја следеше играта, но не му покажа црвен картон (па дури ни жолт) на играчот на Атлетико, а во овој случај, не беше предупреден од Трухиљо Суарез, – стои во извештајот објавен од Реал.