Нкунку не крие дека е изненаден од одлуката на Милан: Не разбирам што се случи

Дерби

10/09/2026

15:03

337

Големина на фонт

а а а

Кристофер Нкунку реализираше трансфер во вид на заем од Милан во редовите на РБ Лајпциг во финишот на преодниот рок, а две недели подоцна се враќа во Италија и тоа на гостувањето кај регионалниот ривал Комо.

Нкунку и неговите соиграчи ќе играат на стадионот кој се наоѓа на брегот на езерото Комо во рамките на Лигата на шампионите, а напаѓачот им открил на медиумите дека се уште не му е јасно зошто Милан се откажал од него.

„Росонерите“ минатото лето платија во тие моменти клупски рекорд од 37 милиони евра, плус 5 милиони евра во вид на бонуси, но се откажаа од Нкунку само една година подоцна.

– Ако ја почитуваш одлуката, тоа не секогаш значи и дека ја разбираш.

– Сè се случи многу брзо и јас искрено не очекував такво сценарио. Не можев да ја оправдам одлуката затоа што зад себе имав сезона без проблеми со повреди.

– Не е лесно да се најдете во таква ситуација, ја почитувам одлуката на Милан и му посакувам успешна сезона. Јас се врати во Лајпциг, иако имав и други понуди, но сметав дека е најдобро да сум овде, – рекол францускиот фудбалер.