Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Не треба да плачеме за Модриќ и Крос, Мурињо полека го составува мозаикот

Дерби

10/09/2026

11:29

540

Големина на фонт

а а а

Предраг Мијатовиќ како поранешен фудбалер и директор на Реал Мадрид повремено ја коментира актуелната ситуација во клубот за шпанските медиуми, а тоа го направил и по премиерата во Лигата на шампионите.

Реал го победи Интер иако гостите доминираа на теренот во голем дел од средбата, а од трибините можеа да се слушнат и протести на фановите кои не се најзадоволни од формата. Мијатовиќ вели дека фановите не се навикнати да помине толку време без освоени трофеи и се нетрпеливи, но тој очекува Жозе Мурињо полека да ги склопи коцките во мозаикот.

– Реал Мадрид има капацитет за подобрување. Не треба да плачеме за играчи кои испишаа историја, а сега не се тука, како Лука Модриќ и Тони Крос. Недостасуваат, но каде ќе најдете играч како нив двајца? Треба да им веруваме на оние кои се веќе тука и да не ги споредуваме со Модриќ и Крос.

– Мислам дека на Реал се уште му недостасува „диригент“, улога која можеше да ја има Родри. Но, откако тоа не беше реална опција, треба да го најдеме тој играч во актуелниот состав.

– Малку по малку, Мурињо ќе го добие тоа што го посакува. А, тоа е цврст тим кој ќе биде смртоносен во контранападите. Треба да бидеме трпеливи, не е фер да се суди по само пет натпревари, – рекол Мијатовиќ.