Алегри под притисок, Наполи веќе има избрано потенцијален наследник

Дерби

10/09/2026

13:26

154

Големина на фонт

а а а

Наполи не ја започна сезоната на посакуваниот начин, а прокоцканата предност од два гола на дербито со Интер и поразот од Арсенал во Лигата на шампионите дополнително ја расклатиле позицијата на тренерот Макс Алегри.

Италијанските медиуми пишуваат дека сопственикот Аурелио Де Лаурентис веќе го губи трпението поради неубедливите резултати, а неговите соработници избрале и потенцијален наследник на искусниот тренер.

Паузата за настап на репрезентации вообичаено се користи за вакви потези на клубовите, па Алегри дефинитивно е под притисок во пресрет на следниот натпревар, а тоа нема да биде воопшто лесно гостување кај Болоња.

Медиумите тврдат дека главен фаворит за иден тренер на Наполи е Рафаеле Паладино, кој последно ја водеше Аталанта.

Наполи досега освои само три бода во Серија А, откако ја победи Џенова, а загуби од Комо и Интер.