Анри: Мбапе ја заслужува „Златната топка“ и без освоен трофеј

Дерби

09/09/2026

18:30

218

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на „Златната топка“ и годинава отвори сериозна дебата во фудбалската јавност, па периодов посебно се зборува за тоа кој фудбалер треба да го освои престижното признание, кое ќе биде доделено следниот месец.

Тјери Анри смета дека неговиот сонародник Килијан Мбапе заслужил првпат да биде прогласен за број еден во светот и не разбира зошто луѓето велат дека не направил доволно за такво нешто.

– Ако Лео Меси го освоеше светското првенство, мислам дека тој ќе ја добиеше „Златната топка“, Олисе е блиску, но мој фаворит е Мбапе.


– Некој ќе каже дека Мбапе не освоил ништо, но прво треба да направат истражување и ќе видат дека имало и други носители на наградата кои не освоиле трофеј таа година.

– Погледнете што направи на индивидуален план. Најдобар стрелец во Лигата на шампионите, најдобар стрелец во Ла Лига и на светското првенство. Олисе направи нешто слично со бројот на асистенции и не заостанува многу, но јас преферирам Мбапе да го освои признанието, – рекол Анри.