Трамп со критики за Далас: Можеби треба да го поништиме трејдот на Дончиќ

Дерби

10/09/2026

13:09

227

Големина на фонт

а а а

Трејдот на Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс во кој најважниот потег беше испраќањето на Лука Дончиќ во клубот од Калифорнија ќе остане меѓу еден од најизнедувачките во историјата на НБА лигата, а потегот на тексашкиот клуб се уште предизвикува реакции во јавноста.

Тоа го потврди и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој во својот говор на конвенција во Далас се навратил на според него погрешниот потег на Маверикс и побарал корекција на истиот.

– Далас е одличен тим, се надевам дека ќе бидат уште подобри, но мора да ви кажам дека не го разбирам трејдот на Дончиќ.

– Можеби не се разбирам многу во кошарка, но сигурен сум дека ова ќе биде еден од најлошите трејдови во историјата на кошарката, но воопшто и спортот.

– Размената на Бејб Рут (голема бејзбол ѕвезда која од Бостон Ред Сокс е трејдувана во Њујорк Јенкис во 1919 година) е најлоша во историјата, но слична е и таа на Дончиќ. Можеби можеме да го поништиме овој трејд, јас го правам тоа постојано. Треба да го вратите Дончиќ назад бидејќи јас не можам да ја разберам оваа размена, – рекол Трамп.