Ватерполо турнирот беше еден од најатрактивните и најквалитетните на Медитеранските игри во Таранто, а на крајот златните медали им припаднаа на домаќините.
Италија во финалето ја совлада Црна Гора со 18:14, но она за што се зборува од овој натпревар не се атрактивните потези и голови, туку неспортското однесување и гризењето.
Црногорците во една ситуација реагираа жестоко тврдејќи дека Данило Струпар бил гризнат од италијански репрезентативец, а судиите решија да го исклучат Црногорецот поради груб старт во базенот.
Струпар им го покажуваше белегот на судиите, селекторот Дејан Савиќ реагираше жестоко, но од сето тоа излезе само црвен картон за црногорскиот предводник.
Италијанците го добија финалето со 18:14, но и со обвинување од противникот дека играле нечисто и не биле санкционирни од судиите.













