Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид, клубот му обезбеди квалитетен ростер и Португалецот ќе треба да ја оправда довербата и да донесе трофеи во вториот престој на клупата на шпанскиот великан.
Португалецот засега добро ги менаџира натпреварите и прес-конференциите, дури јавно ги пофали и судиите, но еден познат шпански новинар смета дека овој концепт на Мурињо ќе се распадне при првиот поголем проблем.
Хулио Пулидо од „Кадена СЕР“ смета дека ваквиот начин на однесување и комуникација на Мурињо нема да издржи долго.
– Да бидам искрен, не му верувам и веројатно би се создал долг ред ако треба да се собереме сите што мислиме така.
– Мурињо доаѓа со шема која ќе се распадне во првиот момент во кој работите нема да одат во корист на Реал.
– Сега има одличен однос со новинарите, но до кога ќе трае тоа? До тогаш кога тие ќе почнат да го критикуваат ако Реал западне во резултатска криза. Мурињо истакна и дека верува во судиите, но знаете ли кога ќе се премисли? Кога ќе се случат две одлуки против Реал, – рекол Пулидо.








