Анри за скапото засилување на Ливерпул: Баркола мора да подобри еден елемент во играта

Дерби

04/09/2026

14:34

145

Големина на фонт

а а а

Бредли Баркола треба да биде големо засилување за Ливерпул, односно да ја оправда сумата од 145 милиони евра која „црвените“ ќе треба да ја исплатат со евентуално вклучени бонуси кои би се активирале.

Досегашниот член на ПСЖ прифати прв интернационален предизвик и останува да видиме како ќе се адаптира на Премиер лигата.

Во меѓувреме, Тјери Анри во својата последна изјава за „Скај Спортс“ зборувал за Баркола и истакнал неколку важни фрагменти кои можат да влијаат на неговите изданија во тимот на Андони Ираола.

– Клучот со Баркола е: Како ќе го користите? Можете ли да создадете ситуации еден на еден? Исто така: Можете ли да го вклучите во контранапади? Затоа што тој е молскавично брз.

– Дали треба да биде ангажиран во одбрана исто колку и во нападот? Тоа може да биде контрапродуктивно за него. Последното нешто што би го кажал е дека Баркола треба да ја подобри својата завршница пред голот. Ако го стори тоа, многу тимови ќе имаат проблеми да го сопрат, – истакнал Анри кој фактички истакнал една забелешка за играта на францускиот репрезентативец.