Најзначајните десет трансфери во историјата на Премиер лигата

Дерби

04/09/2026

07:39

477

Големина на фонт

а а а

Зад нас е уште еден преоден рок, трансфер пазар на кој одново издомиираа клубовите од Премиер лигата кои покажаа финансиска моќ, сила трошејќи огромни суми на пари и со тоа поставувајќи нов рекорд.

Како од шала англиските клубови фрлаат пари и тоа да играчи кои тоа не го заслужуваат и останува да се види до каде ова ќе се движи, која е границата.

Во меѓувреме реномираниот „Би-Би-Си“ излезе со една интересна топ десет листа, листа на најзначајните трансфери во историјата на ПЛ, зделки кои најмногу ја промениле играта, првенството во најсилната конкуренција на островот.

Листата изгледа вака:

10. Петр Чех – од Рен во Челси, 7 милиони фунти, јули 2004 година

9. Алан Ширер – од Саутемптон во Блекбурн, 3,6 милиони фунти, јули 1992 година

8. Карлос Тевез – од Коринтијанс во Вест Хем, (непозната сума), август 2006 година

7. Робињо – од Реал Мадрид во Манчестер Сити, 32,5 милиони фунти, август 2008 година

6. Вирџил ван Дајк, од Саутемптон во Ливерпул, 75 милиони фунти, јануари 2018 година

5. Робин ван Перси, од Арсенал во Манчестер Јунајтед, 22,5 милиони фунти, август 2012 година

4. Сол Кемпбел, од Тотенхем во Арсенал, слободен трансфер, јули 2001 година

3. Н’Голо Канте, од Каен во Лестер, 5,6 милиони фунти, август 2015 година

2. Серхио Агуеро, од Атлетико Мадрид во Манчестер Сити, 35 милиони фунти, јули 2011 година

1. Ерик Кантона, од Лидс Јунајтед во Манчестер Јунајтед, 1,6 милиони фунти, ноември 1992 година