Карлос Алкарса тргна со загубен сет, мораше да спасува брејк топки на стартот на вториот сет, но на крајот оствари победа со 3:1 во сетови во дуелот со Хаиме Фарија на Ју-Ес Опен.
Португалецот влезе амбициозно во мечот, го доби првиот сет со 6:4, но потоа следуваше одговорот на актуелниот шампион.
Алкарас го пронајде својот ритам и ги доби наредните сетови со 6:0, 6:3 и 6:2 и си обезбеди место во третата рунда во Њујорк.
Неговиот сонародник, талентираниот Рафаел Ходар помина најлошо од фаворитите на новиот натпреварувачки ден на грен-слем турнирот во САД, а загуби со убедливи 3:0 од кинескиот квалификант Јунчаокете Бу.
Сонародникот на Бу, Ву Јибинг ќе му биде следен сонародник на Алкарас на Ју-Ес Опен.








