[ВИДЕО] Дончиќ им подарил оригинален подарок кошаркарите на Лејкерс за време на престојот во Словенија: Еве што ги пречекало во собите

Точка

02/09/2026

20:19

439

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс неодамна престојуваа во Словенија, татковината на нивниот соиграч и неприкосновен лидер на тимот, Лука Дончиќ.

За време на престојот во Љубљана, кошаркарите ја искористија можноста за зајакнување на тимскиот дух, а во хотелските соби ги пречекале навистина оригинални подароци.

Ова патување и „тим билдингот“, кој бил идеја на Дончиќ, дојдоа во вистински момент за Лејкерси, кои во текот на летото претрпеа бројни потреси – од промена на сопственичката структура и семејната драма во семејството Бас, па сè до големите промени во играчкиот кадар.

Престојот во Словенија беше идеална можност екипата да се оддалечи од стресот, да ги наполни батериите, но и подобро да ја запознае татковината на Дончиќ.


Речиси сите играчи (со исклучок на новиот играч Камерон Кар) поминале четири ноќи во еден хотел во Љубљана, а сега се појавија и интересни детали од нивниот престој.

За дополнително да им ја разубават посетата, организаторите се погрижиле секој кошаркар во својата соба да го пречека лична порака за добредојде. Покрај неа, ѕвездите на Лејкерс добиле и лист со основни словенечки фрази за полесно да комуницираат со локалното население, но најмногу симпатии предизвикал еден посебен детаљ.

Имено, секој играч на Лејкерс на креветот го пречекала кадифена пчела. Станува збор за симбол по кој Словенија е позната ширум светот – автохтоната крањска пчела (kranjska čebela).


Овој симпатичен подарок особено ги воодушевил присутните, а словенечките медиуми пренесуваат дека токму таква плишена пчеличка цврсто прегрнувала и ќерката на Лука, Габриела, кога заедно со него дошла да ги посети играчите во хотелот.

Играчите на Лејкерс одлично се забавувале за време на престојот во Љубљана и на Блед, што го потврдија и со бројните објави на социјалните мрежи, не криејќи го воодушевувањето од убавините на Словенија пред почетокот на новите предизвици во НБА-лигата.