Меси објави видео со својата „сметка“ и предизвика хаос на социјалните мрежи

Дерби

03/09/2026

07:12

1.907

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Лионел Меси да се повлече од националниот тим е топ тема последните денови, a коментари и реакции пристигнаа од сите страни на светот.

Аргентинецот во меѓувреме објави и емотивно видео со важни спомени од неговата кариера, а вечерва направи хаос на социјалните мрежи со едно интересна содржина.

Меси објави креативно видео во кое преку својата репрезентативна „сметка“ потсети на сите бројки кои ги постигна изминатите години, а на крајот резимира дека со истите ја разрешил и „GOAT“ дилемата, алудирајќи на споредбите со Кристијано Роналдо.

Видеото е објавено на Инстаграм профилот на Меси, но е креирано од страна на познат производител на пиво, кој го одбележа уникатениот ефект на Лео во националниот тим.