Челси исконтактирал подзаборавен екс играч на Ливерпул

Дерби

03/09/2026

11:39

144

Големина на фонт

а а а

Раководството на Челси не успеа да ги исполни барањата на Чаби Алонсо во финишот на преодниот рок, односно не доведе квалитетен играч за врска откако стана јасно дека Енцо Фернандез дефинитивно заминува во Манчестер Сити.

Лондонскиот тим комуницирал и преговарал со повеќе играчи, а трансферот на Ламин Камара пропадна во последните моменти, по што менаџерот остана со испразнето место во својата ротација.

Сега Челси се обидува да пронајде дополнителна солуција, па на површина се појавил Џорџионо Вајналдум, подзаборавениот поранешен играч на Ливерпул, кој во моментов е без ангажман.

35-годишниот Вајналдум го напушти Ал Етифак и наводно имал понуди од други саудиски клубови, но може да ја решава својата иднина како слободен агент, односно неговиот следен клуб нема да плати никаква отштета.

Покрај трофеите освоени со Ливерпул, Вајналдум настапуваше и за клубови како Феенорд, ПСВ и Њукасл, а подоцна и за ПСЖ и Рома.

Неговата последна сезона во саудиското првенство беше импресивна, бидејќи ја заврши со 17 голови и 7 асистенции.