ЛА Клиперс добија рекордна казна поради случајот „Ленард“

Дерби

03/09/2026

12:08

112

Големина на фонт

а а а

НБА лигата го казни Лос Анџелес Клиперс со сериозна парична казна поради нелегалниот начин на исплата на пари на поранешната прва ѕвезда на клубот, Каваи Ленард.

Тимот од Калифорнија ќе плати дури 30 милиони американски долари поради прекршување на финансиските правила, а вреди да се одбележи дека ова е и најголемата казна во историјата на лигата.

Истрагата беше отворена пред една година, откако еден новинар излезе со тврдење дека спонзорски договор на Ленард со неколку американски компании ги прекршува НБА правилата.

Паричната казна е само дел од санкциите, бидејќи Клиперс ќе останат и без избор на пик во првата рунда на драфтот наредните пет години, а сопственикот Стив Балмер заработил едногодишна суспензија.

Балмер овозможил Ленард да добива дополнителни финансии преку спонзорските договори, изигрувајќи ги правилата на селари капот, а поради ова НБА ќе има дополнителна контрола на финансиската работа на клубот во наредните пет години.

Ленард е казнет со 700.000 долари.