Арсенал донесе неколку нови имиња во преодниот рок кој е зад нас, но и воедно остана без неколку фудбалери кои имаа значајна улога и придонесоа овој клуб по пауза од две децении да ја освои Премиер лигата.
„Топчиите“ ги продадоа Леандро Тросар и Габриел Мартинели, додека на таа позиција беше доведен само Гркот Христос Цолис. Премиерлигашот беше поврзуван со повеќе имиња, поголеми ѕвезди, надежн играчи, но на крајот не беше повлечен ниту еден потег.
Поранешниот англиски репрезентативец Габриел Албонлахор има замерки и смета дека Арсенал не смеел да си дозволи да го проаде Мартинели на Ал Хилал.
- Зар не го гледавте мечот против Астон Вила и си помисливте Мартинели е играчот кој можеше да биде искористен од Арсенал во второто полувреме? Сè уште сум збунет што Арсенал го продаде Мартинели за 50-55 милиони фунти, 25 години, некои посебни моменти во тој фудбал. Знам [беше во последната година од договорот], но ако му го понудите вистинскиот договор, тогаш ќе останеше, секако дека ќе останеше, -истакна некогашниот напаѓач.








