Карагер гледа само еден ривал за Арсенал за пехарот во ПЛ: Тие можат да се борат со нив

Дерби

02/09/2026

12:40

137

Големина на фонт

а а а

Арсенал се искачи на тронот на англискиот фудбал и сега како шампион ја започна новата сезона во која оправдано има статус на фаворит за пехарот во Премиер лигата.

„Топчиите“ не загубија значајни играчи, доведоа неколку освежувања, додека останатите клубови кои треба да бидат нивни ривали сменија тренери, доста менуваа кога е во прашање играчкиот кадар, па токму затоа Арсенал заслужено избива во прв план.

Џејми Карагер и оваа година често ќе го гледаме, имаме во улога на стручен аналитичар и според некогашниот англиски репрезентативец само еден клуб може да биде закана за избраниите на Микел Артета-тоа е Манчестер Сити.

- Јас и многу други сметаме дека Челси ќе има навистина добра сезона. И сè уште верувам дека голем дел од тоа е поради тоа што немаат европски фудбал, имаат нов менаџер, напаѓачката тројка што ја имаат. Но, тие го губат Енцо Фернандез, кој за мене беше еден од најголемите играчи на Челси. Манчестер Сити сега изгледа многу посилно. Би рекол дека тие ќе бидат најголемиот предизвик за Арсенал во моментов.

- Тоа е навистина добар тим. Нема сомнеж за тоа. Имаше многу промени. Губењето на Родри беше голема работа и мислев дека ќе биде навистина тешко да се опорават од тоа. Но, ако на крајот од минатата сезона кажете дека ќе ги доведат Елиот Андерсон и Енцо Фернандез, би рекле дека тоа е врвен среден ред. Платија многу пари за тоа, па така и треба да биде.

- Тоа им дава најголема шанса да бидат главни предизвикувачи и можеби единствениот тим што навистина може да се бори за оваа титула од Арсенал, - порача Карагер.