Тоти и Рома – приказна што продолжува преку кошарката: Сакаме клуб со кој Римјаните ќе се гордеат

Точка

02/09/2026

15:37

414

Големина на фонт

а а а

Легендарниот фудбалер Франческо Тоти влегува во светот на кошарката – ќе биде советник на Пол Матијашиќ, претседателот на кошаркарскиот клуб Максима Рома.

Покрај советничката функција, Тоти ќе биде задолжен и за развојот на навивачката база, како и за општествено одговорните активности на клубот.

„Сакав инспирација и сакав нов предизвик. Улогата што ми беше понудена веднаш ме привлече. Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој проект и му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Сакаме на Рим и на Римјаните да им дадеме кошаркарски клуб кој ќе можат да го поддржуваат, со кој ќе можат да се идентификуваат и на кој ќе бидат горди. Токму затоа се договорив да бидам советник“, изјави Франческо Тоти.


Клубот ја најави соработката со Тоти со емотивна порака на социјалните мрежи, истакнувајќи дека Рим отсекогаш гледал надвор од своите граници, а дека сега започнува ново поглавје со човек кој во текот на целата своја кариера го носеше Рим во срцето.

Максима Рома следната сезона ќе настапува во Еврокупот, каде што се наоѓа во групата А заедно со Тенерифе, Лондон Лајонс, Шјаулај, Франкфурт Скајлајнерс, Турк Телеком, Клуж и Венеција.


Тоти, сепак, нема да биде единствената позната фудбалска фигура во новиот проект на клубот.

Уште еден познат италијански фудбалер ќе има своја улога во Максима Рома – Чиро Имобиле, легенда на Лацио, ќе биде амбасадор на клубот.