Фис и Гоф ги освоија титулите на Мастерсите во Синсинати

Дерби

24/08/2026

11:17

104

Големина на фонт

а а а

Мастерс турнирот во Синсинати остана без голем број звучни имиња во машка конкуренција, а во таква ситуација, ова беше добра шанса за голем трофеј за играч од втор план.

Артур Фис се покажа како најистраен во намерата да ја освои својата прва Мастерс титула во кариерата, и тоа откако во финалето го совлада домашниот миленик, Френсис Тиафо.

Францускиот тенисер и Тиафо одиграа еден поприлично чуден меч во финалето, во кое на крај Тиафо поради физички проблеми и не можеше да даде вистински отпор. Фис го доби првиот сет со 6:3, Тиафо одговори со 6:1, но потоа во одлучувачкиот остана без енергија и Фис славеше со убедливи 6:0 за најголем успех во кариерата.

Во женска конкуренција, финалето во Синсинати понуди дуел на две сонароднички, пресметка во која Коко Гоф беше поуспешна од Џесика Пегула.

Гоф не остави ништо на случајноста и славеше со 6:2 и 6:4 и на тој начин си обезбеди најдобра подготовка за домашниот грен слем во Њујорк.