Ѓорческа ќе игра против јапонска ривалка во првата квалификациска рунда на Ју-Ес Опен

Дерби

24/08/2026

11:38

119

Големина на фонт

а а а

Лина Ѓорческа направи историски подвиг пред два месеци кога осигура место на главниот турнир на Вимблдон, а за да стигне до таков успех, најдобрата македонска тенисерка мораше да мине три квалификациски рунди.

Гордоста во женскиот македонски тенис не планира да застане по настапот во Ол Ингланд клубот и следен голем предизвик се квалификациите на последниот грен слем во годината, оној во Њујорк кој стартува денеска.

Квалификациската фаза од турнирот почнува со стартот на новата работна недела, а Ѓорческа за своја ривалка во првото коло доби јапонска тенисерка.

Маи Хонтама ќе влезе со блага улога на фаворит како подобро рангираната тенисерка на ВТА листата (171), но Ѓорческа и во минатото покажала дека со своето искуство знае како да се справи во вакви ситуации и во целост да профитира од работите кои се поставени на хартија.

Лина својот меч ќе го одигра денеска, а според програмата која ја објави Ју-Ес Опен, мечот треба да почне некаде околу 18:30 часот.