Манчестер Јунајтед загуби на премиерата од новата сезона во Премиер лигата и тоа на гостувањето кај повратникот во лигата, екипата на Хал.
Мнозинството стручни коментатори на островот сметаат дека Хал нема да обезбеди опстанок во елитата, но вчера испорача борбен натпревар на кој ги освои бодовите против фаворитот.
Вејн Руни смета дека домаќините ја искористиле тактиката со која Милан го победи Јунајтед на пријателски натпревар, а една работа посебно го загрижила кај својот поранешен клуб.
– Секогаш е тешко кога играте против нов премиерлигаш. Ова беше и прв натпревар во новата сезона, па уште на гостински терен, а Јунајтед делуваше како да не е подготвен за предизвикот.
– Немаше интензитет во играта и покривање на противниците, едноставно не можеа да му парираат на Хал. Она што најмногу загрижува е што Јунајтед креираше многу малку во играта на овој дуел.
– Менаџерот на Хал добро ги подготвил своите играчи, вакво нешто му се случи на Јунајтед на дуелот со Милан, на кој имаше многу проблеми со нафрлувањата во шеснаесетникот. Хал како да ја повтори оваа тактика, играчите испраќаа добри нафрлувања и постојано беа опасни во шеснаесетникот на Јунајтед. Потоа се бранеа добро во второто полувреме, Хал ги надигра на двете страни од теренот, – рекол Руни.







