Рафиња беше избран за МВП на мечот на воведниот натпревар кој го одигра Барселона во шпанската Ла Лига оваа сезона, гостување на кое каталонците го прикажаа сиот свој напаѓачки потенцијал и покрај тоа што не играа со најсилен тим.
Бразилецот беше стрелец на два гола и запиша и една асистенција во победата од 0:5, но привлече посебно внимание со прославата која ја изведе по еден од погодоците.
Рафиња имаше „пајак прослава“ и тоа многумина го протолкуваа како порака за Хулијан Алварез кој минува низ тешки моменти во Атлетико Мадрид, но Бразилецот по средбата појаснуваше дека тоа нема никаква врска со Аргентинецот.
Алварез е познат по прекарот „Пајак“ и токму поради тоа прославата на Рафиња привлече огромно внимание, но Бразилецот и образложи на јавноста дека реакцијата е последица на договор кој го имал со своето дете.
– Прославата беше за мојот син. Побара да направам такво нешто ако постигнам гол. Во последно време исклучително е поврзан со „Спајдермен“, – порача Рафиња.
Raphinha qui célèbre en imitant Spider-Man. 🕷️🔥
— Spidey News (@SpideyNewsFR) August 24, 2026
Spidey influence le monde 😮💨 pic.twitter.com/I5cZFKFWpk








