МЛС лигата стана доста популарна за пошироката спортска јавност откако голем број ѕвезди се приклучија во фудбалскиот проект кој се гради во САД, па додека фановите се фокусираат на следење на ѕвезди како Лео Меси, Роберт Левандовски, Антоан Гризман, Томас Милер и ред други, јавноста во изминатите 24 часа посебно внимание посвети на една слатка сцена од „Пеј Пал“ паркот.
Сан Хосе на домашен терен претрпе тежок пораз од Минесота со 1:5, но резултатот на крајот сите го подзаборавија поради чуден натпрапник кој се најде на теренот.
Фудбалските натрапници обично имаат јасна мисија и цел кога влетуваат на теренот, но во дадениот случај стануваше збор за малечко бебе кое за момент го прекина натпреварот во МЛС лигата.
Иако никој не знае како бебето се најде на теренот, редарите мораа брзо да реагираат и да го соберат „натрапникот“ во раце, па на тој начин беше режирана една од најнеобичните сцени во фудбалската историја на МЛС лигата.
Овој момент се случи во финишот на мечот, па истиот послужи и како мала утеха за фановите кои гледаа лоша претстава од домашниот тим.
¡UN BEBÉ SE METIÓ A LA CANCHA EN PLENO PARTIDO! 😱
— Rincón MLS (@RinconMLS) August 23, 2026
😅 Sí. Así como leen.
Ocurrió sobre el cierre del encuentro entre San José Earthquakes y Minnesota United.
Momento out of context. pic.twitter.com/d9JkN8FJYs








