Завршен спринт на Јувентус: Спалети ќе добие две проверени имиња во ростерот

Дерби

21/08/2026

12:25

183

Големина на фонт

а а а

Јувентус веќе ангажираше шест засилувања во актуелниот преоден рок, но раководсвтото и тренерот Лучијано Спалети имаат императив да доведат уште две квалитетни и проверени имиња.

Спалети инсистира на квалитетен играч за врска и еден напаѓач, а во фокусот на Јувентус се Франк Кеси и Џошуа Зиркзе и двајцата со важно искуство во Серија А.

Според медиумите, Јувентус има договор со Кеси, односно директорот Рики Масара е во одлични односи со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и само прашање на ден е кога трансферот ќе биде потврден, нешто на што позитивно влијае и заминувањето на Артур, кој ослободува најмалку 4 милиони евра во клупската каса.

Од друга страна, на Зиркзе не му оди во прилог враќањето на Маркус Рашфорд во Манчестер Јунајтед и тој сериозно размислува за враќање во Серија А, при што Јувентус може да му понуди добра опција да потсети на најдобрите денови.

Во моментов Зиркзе ќе делува како вишок во нападот на „бјанконерите“, но планот на директорите е да го убедат Џонатан Дејвид да ја промени средината до крајот на преодниот рок.

Канадскиот напаѓач може да биде позајмен и на тој начин да ослободи место за Холанѓанецот, додека во ситуацијата со Кеси може да извиси сонародник за Зиркзе. Копмајнерс не се снајде најдобро во средниот ред на торинскиот клуб, па ако дојде соодветна понуда, Јувентус може да му дозволи да замине.