Жозе Мурињо официјално го најави премиерниот официјален натпревар откако се врати на клупата на Реал Мадрид, а тоа е првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига.
Реал му гостува на Еспањол во текот на утрешниот ден, а Португалецот одговарал на голем број новинарски прашања како увертира за второто деби во „кралскиот клуб“.
Една од поинтересните теми била и вклопувањето на трите големи ѕвезди – Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, нешто што според медиумите и јавноста Реал не успеа да го направи последната сезона.
– Треба да изградиме тим, да работиме напорно и да не преговараме за тоа за што не се преговара.
– Сите тројца се фантастични фудбалери, но и самите сакаат да играат покрај такви играчи. Најдобрите фудбалери се фрустрираат кога покрај себе имаат соиграчи кои не се на истото ниво.
– Анчелоти направи идеален Бразил за Вини, Дешамп идеална Франција за Мбапе, а Тухел тоа го направи со Белингам во Англија. Најтешко ќе ми биде мене да најдам идеално место за тројцата, но сметам дека нивните позиции се компатибилни и ќе играме добро, – рекол Мурињо.







