Баерн Минхен се подготвува за соочувањето со Борусија Дортмунд, а неодминлива тема поврзана со клубот е здравствената состојба на Џамал Мусиала.
Невролошкиот проблем кој придонесе напаѓачот да колабира два пати во неколку дена ги исплаши фановите и сите бараат одговори за тоа што се случува со германскиот репрезентативец и дали тој е безбеден кога игра натпревари на така високо ниво.
Тренерот Венсан Компани денеска открил дека клубот знаел за ситуацијата подолго време.
– Ова е првпат информацијата да биде објавена јавно и свесен сум дека има многу прашања.
– Но, првичниот шок се случи многу одамна, затоа клубот не зборува за тоа многу во моментов. Бевме подготвени дека кога тогаш ќе се случи вакво нешто, – открил Компани.
Белгискиот стручњак истакнал дека се направени многу консултации и дека сите во Баерн се оптимисти дека кариерата на Мусиала ќе тече како и досега.







