Играч кој не ги помина прегледите во Лацио ќе потпише за Црвена Звезда

Дерби

21/08/2026

12:52

160

Големина на фонт

а а а

Екипата на Црвена Звезда со вчерашната победа се приближи до главната лигашка фаза на Лига Европа, а раководството очигледно смета дека тренерот Риера има потреба од нови имиња во составот.

Токму поради тоа, српските медиуми го најавија трансферот на Бамба Диенг, сенегалскиот напаѓач чиј последен клуб беше Лориен во Франција.

Она што е интересно е што вчера Италијанците објавија дека Диенг имал договорен трансфер во Лацио, но римскиот клуб се повлекол поради детектирани проблеми на коленото при лекарските прегледи.

Диенг не успеа да добие шанса во Серија А, па затоа сега се очекува да биде промовиран во „црвено-белиот“ дрес и да ја засили Звезда до крајот на сезоната.

Сенегалецот беше дел од својот национален тим на последното светско првенство, имаше одлични бројки во Лориен и може да биде големо засилување за српскиот шампион.