Неверојатно, но вистинито: Сити продаде трансфер промашување за нов клупски рекорд

Дерби

21/08/2026

11:10

321

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ова лето реализираше неколку излезни трансфери кои донесоа сериозни суми во клупската каса, но и профитабилни потези за менаџментот.

Најновиот случај е поврзан со Савињо, кој наскоро ќе биде промовиран како нов играч на Тотенхем, а за кого премиерлигашкиот ривал ќе плати фиксни 75 милиони фунти, плус 10 милиони фунти во вид на бонуси.

Звучи неверојатно, но Манчестер Сити успеа своето трансфер промашување да го претвори во рекорден излезен трансфер, надминувајќи ги бројките на продажбата на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид.

Савињо не покажа речиси ништо откако дојде во Сити, сакаше да замине уште претходното лето, но тогаш не доби дозвола од Пеп Гвардиола, за сега клубот широко да му ја отвори вратата кон трансфер во Тотенхем.

Минатата сезона, Савињо само седум пати беше стартер во тимот на Гвардиола, а очекува да биде стандарден првотимец кај Роберто Де Ѕерби.