Милан фати сосема поинаков правец со Рубен Аморим како лидер на проектот и ростерот на Португалецот ќе изгледа сосема поинаку од оној на Макс Алегри минатата сезона, па покрај тоа што прецрта неколку прекубројни фудбалери, новиот тренер во овој летен преоден рок ќе го памети и тоа што клубот за него ги испорача двата најскапи трансфери во историјата.
После Гонсало Рамош за кого беа платени 74 милиони евра, Милан ја комплетираше операцијата вредна 65 милиони евра за Диего Мореира, 22-годишниот Белгиец кој неочекувано доста многу го чинеше великанот од „Сан Сиро“.
Агентот Жорже Мендеш скапо го продаде својот клиент и испорача уште едно засилување за Милан со фудбалер кој е претставуван од неговата агенција, па по комплетирањето на трансферот, со својата изјава се јави и младиот Мореира кој ќе мора да ги оправда очекувањата во вид на добри партии на теренот.
– Беш шокиран кога добив повик од Милан, сите сме запознаени со големите на клубот. Името Милан значи историја, традиција и освоени трофеи. Станува збор за еден од најпрестижните клубови во светот, за овој клуб играле голем број шампиони. За мене, ова е вистински чекор во кариерата, вистински чекор да се приклучам на проект кој ме возбудува.
– Јас сум добра личност, изгледам цело време насмеано на социјалните мрежи, но кога треба да се фокусирам, целосно се менувам на теренот и давам се од себе за тимот и фановите. Кога излегувате на теренот, потребно е да го пронајдете животинскиот инстинкт во себе. Јас имам ѕвер во себе и го пронаоѓам за да продолжам да растам и да напредувам, – изјави младиот Мореира кој пристигна од редовите на Стразбур.








