[ВИДЕО] Фудбалот е повеќе од игра: Салах доби посета од најверниот фан од Ливерпул

Дерби

21/08/2026

07:50

406

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах го напушти Ливерпул после девет години и направи трансфер во Турција, но големата оддалеченост не го спречи неговиот најголем и најверен фан од Англија да пристигне во Истанбул.

Во соработка со Трабзонспор како клуб, Салах имаше посебна посета од добро познатиот фан Исак Кирни, кој денеска имаше и свое шоу на стадионот пред натпреварот во Лигата на Европа.

Трабзонспор доживеа шокантен пораз од Ференцварош со резултат 0:1 и ќе мора да брка пресврт на втората пресметка, но сцена на вечерта беше онаа кога Исак истрча на теренот пред првиот судиски свиреж.

Младиот фан на Салах и Ливерпил имаше можност да биде диригент на публиката, а претходно, секако имаше и средба со својот идол кој цело време го поддржуваше во Англија.

Видеото го објави и Трабзонспор како клуб, а истото само покажува дека фудбалот е повеќе од игра и понекогаш играчите можат да воспостават посебна конекција со најсимпатичните фанови.